Нова трагедија: Почина возач на Брза помош од Кочани, кој вчера цел ден пренесувал повредени
Колегите и вработените во Општата болница Кочани, утрово се простуваат од Иле Гоцевски – долгогодишен шофер на возила при Брзата помош во Кочани.
Како што известуваат голем дел од медиумите, Гоцевски почина по напорниот и долг ден во кој пренесувал повредени лица од пожарот во Кочани, па после цел ден заминал дома да одмори и никогаш повеќе не се разбудил.