Не пропуштајте! Денеска во Прилеп од 13h започнува големиот прилепски карневал
Вчера во 12:00 часот се одржа Детскиот карневал на градскиот плоштад во Прилеп, каде настапија голем број на учесници, кои преку своите маски ќе ја збогатат карневалската магија во Прилеп.
Имено, денеска 22-ри – Прочка, во 13:00 часот, целиот град ќе биде под маски со што ќе започне централната карневалска прослава во центарот на Прилеп. Оваа година на карневалот „Прочка 2026“, пријавени се над 500 групни и поединечни маски, а карневалот има и меѓународен карактер, ќе учествуваат карневалски групи од земјава и од странство, а програмата ќе ја збогатат жонглери, кловнови, акробати и куклари.


















