Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Сподели го ова:






























На денешната прес конференција, министерката за образование Јаневска, Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос, ја информираа јавноста за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни – истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска.




Сподели го ова:

Слични објави