Јаковлевски од Прилеп: Прв пат во историја на суверена држава за терористи се осудени луѓе што немале никакво оружје во себе, уставобранителите и нивните семејства бараат повторување на случајот 27 април
Претседателот на Унијата на ветерани, Мане Јаковлевски на денешниот протест во организација на Унијата на ветерани и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“ за неправедно осудените за случајот 27 април, пред КПУ во Прилеп истакна дека прв пат во независна и суверена држава за терористи се осудени луѓе кои што во себе не носеле никаков вид на оружје, туку во себе ја имале само Македонија.
Тој посочи дека често се сеќава на зборовите од затворот во Скопје на Драган Богдановски кој велел, „Не ми е жал што лежам во зандани, лежам за Македонија. Криво ми е што ме обвинија македонски судии и лежам во македонски зандани“, нешто што ги снајде и нашите уставобранители, бранејќи го достоинството на македонската држава и македонскиот народ, кои се осудени на 211 години робија.
Јаковлевски повика уставно бранителите под итно да се ослободат и додаде дека тие и нивните фамилии бараат враќање на случајот од почеток.
„Почитувани, под итно да се обнови делото бараат уставобранителите, фамилиите на уставобранителите, Унија на ветерани, Патриотскиот институт, Унија на млади сили, Унија на жени и конечно целиот македонски народ бараат под итно да се ослободат“, рече Јаковлевски.
Тој додаде дека злосторничка дружина како што тој ја вика, која што се нарекува партија СДСМ, ги награди сите кои што учествуваа во злосторничкото здружение да ги осудат нашите браќа родољуби, истите тие кои што ги однесоа да бидат затворени и осудени денес се на високи позиции во институциите, како на пример претседателката која што го води Уставниот суд која што беше главниот виновник да ги обвини и главниот човек, жена што придонесе да добијат такви високи драконски казни.
Јаковлевски истакна дека во затворите во кои што лежат уставобранители, местото им е на тие што се викаат партија СДСМ на чело со нивниот Зоран Заев, затоа што на Македонија им треба луѓе патриоти и родољуби кои што можат да спасат тоа што може да се спаси од распродажбата на националните интереси кои ги прави актуелната Влада.
„Местото на овој затвор и не само на овој затвор, во Штип, Куманово и Прилеп е токму за тие кои што се викаат партија СДСМ, на чело со нивниот Зоран Заев. На Македонија и се потребни родољуби, на Македонија и се потребни патриоти кои што можат уште нешто ако може да се спаси од државата или што остана уште за спасување. Оваа Влада која што владее во Македонија не ги интересира ниту Македонија ниту Македонците, ги интересира само пари, провизии и ништо повеќе и предавство на Македонците“, рече Јаковлевски.