Градоначалникот Проданоски оствари средба со фолклорните ансамбли од Полска и Словачка, кои се дел од првиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“
Денеска градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со претставниците на фолклорните ансамбли од Полска и Словачка, кои се дел од првиот меѓународен фолклорен фестивал „Итар Пејо“, во организација на КУД „Мирче Ацев“ – Прилеп.
Разговаравме за значењето на ваквите меѓународни културни средби, за богатството и различноста на традициите, но и за пријателствата и културните врски што се создаваат преку фолклорот. Наше задоволство е што Прилеп е домаќин на ансамбли кои преку песната и играта ја претставуваат својата традиција, а во исто време имаат можност да ја запознаат и нашата. Добредојдовте во Прилеп, градот на традицијата, културата и гостопримството! – порача градоначалникот Проданоски.


















