Градоначалникот Проданоски ги отвара вратите на Општина Прилеп! Секој четврток приемен ден за граѓаните од градот под Марковите Кули
Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги отвара вратите на Општина Прилеп при што секој четврток во Општина Прилеп ќе биде приемен ден за граѓаните од градот под Марковите Кули. Веста ја потврди и градоначалникот Проданоски на социјалните мрежи при што истакна:

“Започнуваме со отворени средби со граѓаните!
Секој четврток од 10:00 часот ќе имате можност лично да разговарате со мене за сите ваши прашања, идеи и проблеми што се однесуваат на нашата заедница. Вратата на Општина Прилеп ќе биде секогаш отворена!
Нашата цел е транспарентност, соработка и решавање на реалните потреби на граѓаните. Средбите можете да ги закажете секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Контакт: 075 22 99 15. Заедно градиме подобар Прилеп!” – порача Проданоски.















