Градоначалникот Најдовски со својот одличен говор свечено го отвори Зимскиот турнир во мал фудбал
Во Демир Хисар синоќа свечено започна зимскиот турнир во мал фудбал, настан кој го обединува спортскиот дух, младите таленти и љубителите на фудбалот. Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Демир Хисар Г-дин Никола Најдовски кој исто така е и главен покровител на овој спортски настан.
Овој турнир не е само спортски настан, туку и празник на дружбата, меѓусебната поддршка и локалниот спортски развој. Им посакуваме успех на сите екипи и да не победи само најдобриот – туку спортскиот дух!

















