Градоначалникот Јовчески: Фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“ повторно го исполни Прилеп со насмевки, радост и талентирани детски гласови
Вчера, цел Прилеп уживаше во најновото премиерно 7-мо фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД! На фестивалот, присутен беше и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, кој што веднаш после завршувањето на фестивалот истакна:

“Со големо задоволство присуствувавме на 7-то издание на Детскиот музички фестивал „Весели ѕвончиња by Jana“, кој повторно го исполни Прилеп со насмевки, радост и талентирани детски гласови. Фестивалот претставува значаен настан во културниот живот на нашиот град, кој не само што поттикнува креативност и уметнички израз кај најмладите, туку и го зајакнува духот на заедништво и поддршка. Општина Прилеп ќе продолжи да ги поддржува ваквите културни манифестации кои се од исклучително значење за развојот на децата и за промоција на нашето културно наследство. Упатувам искрени честитки до организаторите, учесниците и сите кои вложија труд за овој фестивал да биде вистински празник за младите уметници и нивните семејства. Прилеп останува град на културата, традицијата и иднината!” – порача прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.


















