Формирани комисии за работа на Советот на Општина Прилеп
На втората седница на Советот на Општина Прилеп, во новиот состав, советниците со мнозинство гласови го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на член на Советот на Општина Прилеп, Катерина Пузеска.
Потоа, беа усвоени и предлог-решенијата за формирање на комисиите потребни за функционирањето на Советот на Општина Прилеп.
Советниците со мнозинство гласови ги усвоија предлог-решенијата за формирање на следниве комисии:
Комисија за одбележување значајни настани, личности и празници
Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој
Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина
Комисија за општествени дејности и правата на децата
Комисија за статут и прописи
Комисија за елементарни непогоди
Комисија за месна самоуправа
Комисија за родова еднаквост
Комисија за изработка на Програма за работа на Советот на Општина Прилеп за мандатниот период 2025–2029 година
Исто така, Советот ја задолжи Комисијата за статут и прописи да изготви пречистен текст на Статутот на Општина Прилеп и именува членови на Советот кои ќе учествуваат при склучување на бракови во УВМК-ПК Прилеп.

















