Еве кој ќе ги забавува прилепчани за Новата година на прилепскиот плоштад

Сподели го ова:





























Со големо задоволство ве покануваме на 31.12.2024 на дочекот на Новата 2025-та година на Плоштадот „Александрија“ во Прилеп! Ноќната програма започнува во 22 часот.

🎶 На 31 декември 2024 година уживајте во незаборавна музичка програма со:

• Cyrillic, најпознатото DJ дуо во Македонија, кое ќе го загрее новогодишниот дух со неверојатна енергија и хитови!

• Балканика Бенд и маестралниот вокал на Сашо Башески, кои ќе го донесат магичниот звук на Балканот директно на нашата сцена!

🎈 Детска програма:

За најмалите, забавата започнува уште напладне! На Камената Бина, во 12:00 часот, ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“ каде најмладите прилепчанчиња ќе уживаат во хитовите од последното фестивалско издание! – вистинско уживање за децата и нивните семејства! Дојдете заедно да ја испратиме 2024-та и да ја дочекаме 2025-та со многу музика, радост и убави желби!




Сподели го ова:

Слични објави