Е ВАКА СЕ РАБОТИ! И во сабота, директорот Трајанов е на работа – будно ја следи состојбата, како во однос на обезбедување на плата за вработените, така и во однос на неутрализирање на појавата од пожари

Сподели го ова:


























Повеќе од очигледно е тоа дека новото раководство на “Македонски шуми”, целосно е посветено на работниот процес и заштита на природата, за разлика од претходното раководство, кое вработени ги остави без неколку плати и здравство. Доказ, дека за новото раководство нема “ни минута одмор”, е фактот дека постојано директорите се на терен и будно ја следат состојбата, како во однос на обезбедување на плата за вработените, така и во однос на неутрализирање на појавата од пожари.

Имено, Генералниот директор на “Mакедонски Шуми”, проф. Здравко Трајанов беше во посета на екипите на ова Јавно Претпријатие кои се вклучени во гаснењето на големиот пожар на планината Серта и Пепелиште, се со цел за да ја констатира моменталната состојба, како и да помогне со своето професорско искуство во однос на што побрзо решавање на појавените пожари.

Денес ги посетив екипите на ЈП Национални шуми кои се вклучени во гаснењето на големиот пожар на планината Серта и Пепелиште.

Нашите екипи во координација на ЦУК, ДЗС, Противпожарните екипи, доброволни здруженија и други, макотрпно се борат со огнената стихија.

Пожарот е од големи размери и зад себе остава пустош и еколошка катастрофа.

Апелирам на совесно однесување на сите граѓани во овие пеколни температури” – истакна Трајанов.




Сподели го ова:

Слични објави