Двајцата прилепчани кои со велосипеди беа на Острог, донираа клима за градинката во Тризла
Нашите прилепчани Филип Спиркоски и Драган Илиоски кои со велосипеди тргнаа кон Острог, донираа клима за дечињата од градинката во Тризла. Станува збор за полициски службеници при ОВР- Прилеп и припадници на ПЕП, кои со вера во Бог летово со нивните велосипеди од Прилеп заминаа кон големото светилиште во Острог.
Хуманоста е најголемата човечка особина,доблест за секој поединец!!! Голема БЛАГОДАРНОСТ и многу детски насмевки денес упатуваат децата и вработените од градинката “Наша Иднина” Објект Тризла за хуманиот гест на двајцата полициски службеници Филип Спиркоски и Драган Илиовски за нивната донација клима за нашата градинка!!! Доброто со добро да Ви се врати!!! – истакнаа од градинката Наша иднина.