Денот започна со убава вест! “Комфи Ангел” со донација за прилепската болница
Да, токму така! Денот започна со убава вест! Општествено одговорната компанија “Комфи Ангел” ДОО Прилеп, повторно донираше од нивните производи, кои ќе бидат наменети за потребите на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.
“На наше задоволство, општествено одговорната компанија Комфи Ангел ДОО Прилеп донираше комплет чаршафи и јоргани од палетата на нивните производи. Истите ќе бидат наменети за потребите на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп. На тој начин, секојдневно, нашите пациентки ќе ги користат овие производи. Во име на директорот и целиот персонал, срдечно се заблагодаруваме за хуманоста на компанијата Комфи Ангел!” – истакнаа од прилепската градска болница.