Денеска, Владиката Петар со своите молитви и благослови внесе уште поголема духовна радост во срцата на прилепчани
Денес, на вториот ден од големиот христијански празник Божиќ, кој што е посветен на Соборот на Пресвета Богородица, се одржа Архиерејската Златоустова литургија во Храмот Свето Благовештение Прилеп.
Оваа свечена богослужба беше предводена од нашиот почитуван Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, кој со своите молитви и благослови ни внесе уште поголема духовна радост и мир во срцата.
Божиќ е време кога ги славиме семејните вредности и се потсетуваме на вистинските христијански доблести – милосрдието, љубовта и почитта кон ближните.