Чонески со моќна порака до крушевчани: Победата не е моја, таа е на сите нас! Сите заедно победивме со желбата Крушево да биде поубаво и попросперитетно место за живеење

Сподели го ова:






























Како што синоќа ПРВИ соопштивме, граѓаните од Општина Крушево вчера го одлучија победникот на Локалните избори во оваа општина. Според гласовите во вториот круг, Нико Чонески кандидатот од ВМРО ДПМНЕ е официјално новиот градоначалник на Општина Крушево. Чонески, веднаш по победата се обрати до своите сограѓни со искрена – моќна порака во која се вели:

Драги мои крушевчани, вечерашната победа не е моја, таа е на сите нас! Сите заедно победивме со желбата Крушево да биде поубаво и попросперитетно место за живеење, но и попривлечно за посетување! Од утре ќе работиме на она кое го ветивме во текот на изборната кампања, но и на многу повеќе од тоа.

Победата ми е особено драга бидејќи одлучија малку гласови, а тоа е уште еден доказ дека СЕКОЈ ГЛАС Е ВАЖЕН.  Во иднина, кога ќе го видите Крушево какво сакаме да биде-ЕСНАФСКО, сетете се дека токму вие пресудивте! И јас ќе се сетам на тоа и ќе ја оправдам вашата доверба.  Ви ветувам ревизија на досегашното работење во општината и институциите и ветувам дека ќе имате градоначалник за сите луѓе, за сите проблеми и градоначалник кој нема да користи службено возило, дневници и репрезентации. Вечерва е време да прославиме, од утре е време за акција!” – истакна Чонески во своето обраќање веднаш после победата во Крушево.




Сподели го ова:

Слични објави