Честитки! Ученичката Кириана Спиркоска од ООУ “Гоце Делчев” -Прилеп освои директен пласман во светското финале на Hippo-English Without Borders кое ќе се одржи во Асиси, Италија
На Меѓународната олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025, која се одржа во Италија од 26 до 28 мај, учениците од ООУ Гоце Делчев – Прилеп освоија еден грст награди, а помеѓу нив е нивната ученичка Кириана Спиркоска од ООУ “Гоце Делчев” -Прилеп, која што освои директен пласман во светското финале на Hippo-English Without Borders кое ќе се одржи во Асиси, Италија.

“Голема чест беше да се учествува на овогодишната Меѓународна олимпијада по англиски јазик HIPPO 2025, Европски квалификации за Светско првенство, која се одржа во Италија (Венеција) од 26 до 28 мај. Овој пат во зголемен број, заблескаа нашите ученици кои достојно го претставија нашето училиште “Гоце Делчев”.
категоријата Hippo 1
Дариа Цуцуловска од Vв ментор доц д-р Марија Дулевска и
Касијана Трајкоска од VIа во ментор Благица Чатлеска
Категоријата Hippo 2
Мартин Бошкоски од VIIв ментор доц д-р Марија Дулевска

Ученичката Кириана Спиркоска од Iг под ментор Матеја Велјановска Спиркоска освои директен пласман во светското финале на Hippo-English Without Borders кое ќе се одржи во Асиси, Италија.
На овој престижен натпревар учениците имаа можност да ги прошират своите знаења по англиски јазик и да стекнат нови познанства со ученици од многу европски земји.
Задоволство и чест беше да се присуствува на овој натпревар кој претставува дополнителен поттик и мотивација за понатамошни уште поголеми залагања и вложувања.Уште едно големо БРАВО за нашите ученици кои се нашата гордост!” – истакнуваат од ООУ Гоце Делчев – Прилеп.


















