72 години успешна работа на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” беа одбележани вчера вечерта со извонредната изведба на претставата “Да инспекторе….”
Цели 72 години успешна работа на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” беа одбележани вчера вечерта со извонредната изведба на претставата “Да инспекторе….”.Актерите беа расположени за роденденот на театарот. Публиката уживаше, и со аплауз ја честиташе годишнината на Театарот, за чиј долгогодишен опстој говореше Јасмина М.Станкоска, в.д.директор на НУЦК”Марко Цепенков”. Имено вечерва на репертоарот на прилепскиот театар е претставата „Глембаеви„ која што исто така е дел од одбележувањето на 72 години театар „Војдан Чернодрински“. Оваа претстава започнува вечерва во 19.30 ч.