Денеска се празнува Св. Јоаким Осоговски! Осоговскиот манастир денеска преполн со верници!

Сподели го ова:





























Денеска се празнува св.Јоаким Осоговски! По тој повод реки од народ денеска уште од рано утрово го посетија Осоговскиот манастир, кој денеска ја празнува манастирската слава. Овој голем светител се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

Тропар
Пустински жител и во тело ангел, и чудотворец се покажа, богоносен оче наш Јоакиме. Откако со пост, бдеење и молитви прими небесни дарови, ги лекуваш болните и душите на оние што со вера приоѓаат кон тебе. Слава Му на Оној што ти даде сила; слава на Оној што те овенча, слава Му на Оној што, преку тебе, на сите им дава исцеленија.




Сподели го ова:

Слични објави