Младите се енергијата на Прилеп! Вечерва платото пред прилепскиот градски часовник ќе биде место за разговор, идеи, дружење, но и добра забава со интересна музичка програма
Вечерва на платото пред градскиот Саат, во организација на Локалниот совет на младите и наша поддршка како локална самоуправа, ќе се одржи дебата посветена на младите, нивните потреби, предизвици и идеи за иднината на младите во Прилеп. Со овој настан заедно ќе го одбележиме утрешниот 12 август, Меѓународниот ден на младите.
Платото пред саатот вечерва ќе биде место за разговор, идеи, дружење, но и добра забава со интересна музичка програма.
Како градоначалник, верувам во младите, во нивната енергија, креативност и идеи. Само заедно можеме да го направиме Прилеп да биде град во кој младите не се само иднина, туку активен дел од сегашноста, активни учесници во креирањето на Прилеп и дел од промените – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Ве покануваме да се дружиме, да разговараме и да славиме заедно!


















