Стојчески: Илинденците го поставија темелот на нашата слобода
По повод државниот празник “2-ри Август Илинден,” претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево, Пеце Стојчески, ја предводеше делегацијата на крушевскиот Општински комитет за време на овој голем празник, која положи свежо свеќе пред споменикот на Мечкин Камен како и во споменикот “Македониум” во Крушево. Исто така, Стојчески присуствуваше на панихидата во црквата „Св. Никола“ во Крушево, во чест и вечен спомен на загинатите Илинденци. При тоа, Стојчески за медиумите истакна:

“Денес, со длабока почит и гордост го одбележуваме Илинден — генетскиот код на македонскиот непокор.
Илинденците го поставија темелот на нашата слобода. Нивната борба не беше само воена, туку и длабоко човечка, заснована на идеалот за обединување.
,,…Елате под бајракот на „Афтономна Македонија”! Македонија е заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи!”
Овој крик за сплотеност е нашата најголема обврска денес. Во 2026 година должни сме да го послушаме овој завет — да ги оставиме поделбите, да ги слееме душите и срцата и заедно да градиме иднина во која нашата челад ќе живее во мир, почит и напредок.
Нека е вечен Илинден!
Вечна им слава на Илинденците и на Крушевската Република! – порача претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Крушево, Пеце Стојчески.


















