Проданоски: Одлична вест за тутунопроизводителите-исплатени се субвенциите за реколтата од 2025 година во вкупен износ од над 2 милијарди денари за повеќе од 15.000 корисници низ државата

Сподели го ова:





























Одлична вест за тутунопроизводителите-исплатени се субвенциите за реколтата од 2025 година во вкупен износ од над 2 милијарди денари за повеќе од 15.000 корисници низ државата.

“Оваа исплата претставува значајна поддршка за земјоделството, особено за тутунарството, стопанска гранка која со децении претставува еден од главните двигатели на економскиот развој во Прилеп и прилепскиот регион.

Особено значаен е фактот што околу 10.000 корисници, односно тутунопроизводители, се токму од нашиот регион.

Тоа јасно говори дека Прилеп и понатаму останува препознатлив по тутунопроизводството, кое претставува егзистенција за илјадници семејства и има огромно значење за локалната економија.

Исплатата на субвенциите значи финансиска сигурност за земјоделците, полесно планирање на идното производство и дополнителен поттик за развој на руралните средини.

Ние како локална самоуправа остануваме посветени на поддршка на нашите земјоделци и на секоја иницијатива што придонесува за подобри услови, стабилни приходи и одржлив развој на земјоделството – ” истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави