Двајца битолчани во алкохолизирана состојба физички нападнале полициски службеници
На 11.06.2026, полициски службеници при СВР Битола ги лишија од слобода Ѓ.Б.(30) и С.Б.(51), двајцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Цветан Димов“ во Битола го нарушиле јавниот ред и мир под дејство на алкохол, а потоа физички нападнале полициски службеници кои преземале на службени дејствија.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


















