Градоначалникот Гоцевски соопшти убава вест: Одлично напредуваат градежните активности на кејот на река Брегалница!
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, изврши увид на градежните активности на кејот на река Брегалница, при што истакна дека одлично напредуваат овие градежни активности, и дека секој нов метар од кејот покрај Брегалница е уште еден чекор кон поубаво Делчево.
“Проектот напредува и визијата што ја имаме полека станува реалност.
Делчево недобива само кеј, а ново место за живот, дружење и спомени за генерациите што доаѓаат.
Брегалница повторно ќе биде гордост на Делчево!” – истакна градоначалникот Гоцевски.


















