Во пресрет на Духовден, прилепските градски гробишта се целосно исчистени и искосени
ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, изврши целосно косење и чистење на Новите и Стари градски гробишта, паркинзи и ободни канали.
За потребите на граѓаните за одлагање на отпад се поставени контејнери надвор од Старите градски гробишта каде платото е исчистено од отпад, кој го одлагаат несовесни граѓани.
Во Новите градски гробишта да се користат постојните контејнери и корпи за отпадоци.
ЈКП,, Комуналец”- Прилеп, одржува зелени површини, асфалтирани патеки во гробиштата, пристапни патеки, јавни површини и паркинзи. Гробното место и споменичното обележје е обврска на имателите на гробни места – стои во објавата на ЈКП Комуналец-Прилеп.


















