Вистинска убавина! На 31 мај цела Македонија ќе биде на едно место – на првата “Црешијада” во Вељуса

Сподели го ова:





























Вељуса на крајот на овој месец, официјално ќе ги пречека многу бројните гости од цела Македонија на првата “Црешијада”, а овој значаен културен настан е закажан на 31 мај 2026. Врз основа на она што го дознава нашата информативна редакција, оваа културна манифестација ќе донесе прекрасна енергија во Вељуса и Општина Струмица како и голем број на посетители, кои ќе уживаат во богатата понуда на свежи цреши, локални струмички производи и богата културно-забавна програма.

Организаторот на настанот „Црешијада“ порачува дека оваа манифестација има потенцијал да прерасне во значаен настан на туристичката и културната мапа на Општина Струмица. Настанот има за цел да стане нов препознатлив белег на регионот, а со одржувањето на првата „Црешијада“, Вељуса и Општина Струмица се вклучуваат во низата локални настани кои го промовираат традиционалното производство, гастрономијата и културниот живот во регионот, па и пошироко.

Ако Градашорци и Општина Василево се гордеат со својата ПРАЗИЈАДА, ако Смолари и Општина Ново Село ја имаат нивната КОСТЕНИЈАДА, ако Општина Босилово ја имаат нивната АЈВЕРИЈАДАТА, тогаш убавата Вељуса ќе блесне со ЦРЕШИЈАДАТА!!! Се гледаме на 31 мај на првата “Црешијада” во Вељуса, каде што цела Македонија ќе биде на едно место и ќе ужива во неодоливите вкусни цреши и богатата програма која ќе ја понуди оваа културно-забавна манифестација.

Се гледаме во Вељуса!




Сподели го ова:

Слични објави