Прилепчанецот Димитар Димкоски со моќна песна по повод Денот на македонскиот јазик
Низ историјата, македонскиот јазик не само што опстанал, туку и цутел. Се зборува, пишува и пее не за да докажеме дека постоиме, туку затоа што сме наследници на ова богатство. Точно денеска, кога се слави нашиот Македонски јазик, идниот професор по македонски јазик, прилепчанецот Димитар Димкоски по повод Денот на македонскиот јазик, напиша моќна впечатлива песна во која се вели:

“Одлучуваме да го живееме. ![]()
Oтвораме простор за оние што не го учат јазикот само како правила, туку го чувствуваат како потреба, како глас, како став, како емоција.
Првата „капка“ доаѓа од идниот професор по македонски јазик, прилепчанецот Димитар Димкоски.
Во неговата песна, малото станува почеток на нешто поголемо – тивко, но доволно силно да создаде промена.
Затоа што јазикот не опстојува со зборување за него. Туку со говорење, пишување, мислење… Со чувство” – се вели во објавата нa Македонистика – Штип.


















