Прилепчани ја негуваат вековната традиција! Денеска “реки од народ” во манастирот св.Архангел Михаил
Денеска е “Голем Петок”, првиот петок после Христовото Воскресение –Велигден. Овој празник уште се нарекува и Излечив Петок, зашто постои верување кај луѓето дека ако утрово си ги измијат рацете и лицето на првиот извор,тоа ќе им донесе ослободување од болестите што ги имаат.

И годинава “Голем Петок” е радосен ден за прилепчани, кои уште од рано утрово традиционално го посетија манастирот св. Арахангел Михаил во Варош. По повод овој голем празник, голем дел од прилепчани запалија свеќа во овој манастир. Нека е честит денешниот голем, христијански празник!


















