Предлогот за зголемување на пензиите помина на собраниска комисија! Од овој месец пензионерите ќе земаат 1000 денари повисока пензија

Сподели го ова:





























Зголемувањето на пензиите на пензионерите за вкупно 1.000 денари помина на собраниската комисија, при што по скратена постапка со измените се предлага зголемување на сите пензии за 1.000 денари од 1 март годинава.

Со овие законски измени се предвидува четвртото покачување на сите пензии од 1.000 денари за сите пензионери кои го оствариле правото на пензија до 28 февруари 2026 година, од 1 март да добијат дополнтелни 1.000 денари. Со овие законски измени Владата на Република Македонија ја оствари својата стратешка цел да го подобри стандардот на сите пензионери и овој бенефит од 7.000 денари вкупно покачување на пензиите досега ќе го почуствуваа над 320.000 пензионери – истакна пратеничката Ангелинка Петкова од ВМРО – ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави