Во битолско, се реконструира патот кој води до црквата во с. Ротино

Сподели го ова:





























Денеска битолскиот градоначалник Тони Коњановски направи увид во градежните работи со одговорните лица на започнатата реконструкција на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата.

“Службите ме информираат дека должината на патот е 706 метри, ширината 3 метри и банкини од двете страни.

По поставувањето на тампонираната подлога со дебелина од 25 см, ќе следи асфалтирање.

Дебелината на асфалниот слој ќе биде 7 см, а вкупната асфалтна површина 2119 м2.

Вредноста на овај проект е 5.185.870 денари, а средствата се преку Министерството за транспорт, од вториот владин повик, на кој ние како општина имавме одобрено најголем број проекти.

И овој проект е потврда на нашите заложбите за подобрување на состојбите и во руралните средини” – истакна Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави