ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување-Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата
Нов договор за ниски даноци, мала невработеност и силен раст на економијата. ВМРО-ДПМНЕ почнува со втора епоха во политичкото делување, што ќе го одбележи со заедничкиот патриотизам и нов договор за напредок на општеството. Гарантираме намалување на данокот на добивка и персоналниот данок на доход на 8%, како и 0% данок за младите. Ниските даноци ќе бидат мотор за намалување на невработеноста која мора да биде едноцифрена. За економски раст потребна е борба против корупцијата. Македонија мора да биде на листата на првите 50 држави на листата на Транспаренси кои се борат против корупција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ отвора врата до мудрите луѓе на Македонија, да помогнат да ја вратиме надежта и енергијата во општеството и државата како што ја имало кај граѓаните кога се формирала државата. Македонија во догледно време мора да има стандард како една Австрија. Државата мора да биде дел од ЕУ.

















