Проданоски: Изборите завршија, време е за работа!
Денеска во Прилеп се одржа конститутивната седница, на која присутвуваа новиот градоначалник Дејан Проданоски, претседателката на Совет Билјана Кржеска, како и сите 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Прилеп.
“Денес е голем и свечен ден за нашиот Прилеп, ден кога започнува ново поглавје на заедништво, развој и напорна работа. Од срце им честитам на сите 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Прилеп. Ви посакувам успешен, мудар и плоден мандат исполнет со конструктивни дебати и резултати во интерес на граѓаните.

Посебна честитка упатувам до новоизбраната претседателка на Советот, д-р Билјана Кржеска, со искрени желби за успешно водење на советничкото тело во духот на соработка и посветеност кон сите прилепчани.
Изборите завршија, време е за работа!
Граѓаните јасно и одлучно ни ја дадоа довербата да создадеме подобар, посовремен и похуман Прилеп.
Заедно ќе работиме на:
– Целосно уредување на индустриските зони „Прилеп 4“ и „Прилеп 5“,
– Уредување на коритото на Градската Река и создавање нови зелени површини,
– Изградба на два нови големи парка и обиколниците „Исток“ и „Запад“,
– Изградба на нова детска градинка во населбата „Рид“,
– Реконструкција на спортската сала „Македонија“ и театарот „Војдан Чернодрински“.
Ова не се само ветувања, ова е нашата обврска кон граѓаните.
Со поддршката на Владата и со заедничка работа, Прилеп конечно ќе го заземе местото што го заслужува, како центар на развојот и гордост на Македонија.
Време е за резултати. Време е за Прилеп што напредува!
Да живее Прилеп!
Да живее Македонија!” – порача градоначалникот Проданоски.


















