Секоја чест! Хорот “св.Петка” од Прилеп ќе настапи во Париз, Франција со целовечерен концерт во Капелата „Saint Vincent de Paul“

Сподели го ова:






























Со ОСОБЕНА РАДОСТ ја споделуваме веста дека по повод 10 години од своето постоење, по два успешно одржани јубилејни концерти, Хор „Св.Петка“ со целовечерен концерт ќе настапи во Капелата „Saint Vincent de Paul“ во ПАРИЗ, ФРАНЦИЈА.

На 26 октомври, со почеток од 19:30 часот, во чест на празникот на нашата светителка Св.Петка, членовите на хорот „Св.Петка“ и вокалниот клирос „Пелагонитиса“ под диригентската палка на Маестро Протопсалт м-р Георгиј Секулоски, ќе имаат чест да ја претстават нашата духовна музичка традиција пред француската публика. Со срце полно радост го очекуваме овој настан како духовно и музичко патување, кое ќе нѐ зближи уште повеќе преку песната и верата.

Notre joie est grande. Dieu est avec nous.




Сподели го ова:

Слични објави