Проданоски со моќна порака: Време е за визија и движење напред!
Инфраструктурата, безбедноста и културата се трите клучни области во треба да се работи, порача Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Сметам дека тие се три клучни области на кои што имаме можности. Има добра инфраструктура која што е оставена на забот на времето и треба да се стави во функција во сите три области. Особено важно е Прилеп, конечно, да се тргне од црните листи, односно негативната кампања за сè. Прилеп е на сите портали по некои црни хроники, но треба да направиме промена и навистина имаме можност тоа да го направиме“ – истакна Проданоски.

















