Проданоски во посета на “Тритекс Трејд“: Стопанството заслужува максимална поддршка, затоа што кога бизнисите во Прилеп растат, расте и целиот град
Дејан Проданоски, пратеник и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп, беше во посета на “Тритекс Трејд“, од каде што истакна дека Стопанството заслужува максимална поддршка, затоа што кога бизнисите во Прилеп растат, расте и целиот град.

“Во „Тритекс Трејд“ се гледа и чувствува што значи посветеност и љубов кон работата.
Од Прилеп, па низ целиот регион, веќе три децении го носат македонскиот квалитет на секој пазар каде што се присутни.
Стопанството заслужува максимална поддршка, затоа што кога бизнисите во Прилеп растат, расте и целиот град”- порача Проданоски.


















