Од утре следуваат вистински есенски денови со повеќе дожд и драстичен пад на температурите
Денес и утре до пладне, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималните температурите ќе се движат од 24 до 28 степени.a веќе од 26 септември, Меѓутоа веќе од утре после пладне, следуваат вистински есенски денови со повеќе облаци и помалку сонце.
Сето тоа ќе биде проследено со претежно променливо, врнежливо и посвежо време, а исто така неизбежен е и голем пад на температурите.
Затоа, искористете го максимално убавото сончево време – бидејќи ќе го барате!


















