Во Прилеп, новите сезонски пожарникари успешно ја завршија обуката за гаснење на пожари
Во Прилеп заврши обуката на сезонските пожарникари, кои беа избрани на јавниот повик, објавен во рамките на мерката 6.2 Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, усвоен од Владата на Република Македонија.

Успешно извршена обука на новите сезонски пожарникари за гасење на пожари на отворен простор (полски и шумски пожари) во соработка со ТППЕ ПРИЛЕП, Противпожарниот сојуз на Република Македонија и Дирекцијата за заштита и спасување – информираат од ТППЕ- Прилеп.

















