На секоја лага и доаѓа крај! Директорот Степановски со реално објаснување зошто во Битола се движат камиони од охридски Комуналец
Директорот на “Комуналец” Битола, Горан Степановски, објасни зошто камиони од охридски Комуналец се движат низ Битoла.

“Во врска со последната објава на советникот Иван Чулакоски, кој е „загрижен“ поради движењето на камиони на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид низ Битола, ја информираме јавноста дека: Двете Возила на ЈП КОМУНАЛЕЦ Охрид се на метан и единствената соодветна бензинска станица во регионот каде што можат да наполнат метан е лоцирана токму во Битола. Се работи за редовна, логична и економски оправдана пракса, а не за некакво „сомнително“ или „загрижувачко“ движење. Очекуваме во иднина повеќе сериозност”, порача Горан Степановски, директорот на ЈКП Комуналец – Битола.


















