Познатиот ланец на дрогеии DM, наскоро во Прилеп!
“DM drogerie markt” спаѓа во еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа. Првата дрогерија е отворена уште во 1973 година во градот Карлсруе во Германија. Денес на ниво на dm Групација – Австрија и концернски земји (без Германија и Полска) dm има повеќе 1.947 продавници и повеќе од 28.353 вработени. Во Македонија првите дрогерии се отворија во 2012 година, а до денес во нашата земја се отворени вкупно 26 продавници во 10 града (Скопје, Тетово, Велес, Куманово, Штип, Битола, Струмица, Гостивар, Охрид и Струга).

Нивната цел е да отворат продавници ширум цела Македонија. Моментално, Dm бараат локација во Прилеп, при што се во потрага на нови деловни простори во градот под Марковите Кули.
Сето ова најверојатно подразбира дека познатиот ланец на дрогеии DM, наскоро доаѓа во Прилеп, и ќе биде поблиску до прилепчани.


















