ООУ “Рампо Левката” – Прилеп денеска беше домаќин на колегите од збратименото училиште „Славко Лумбарковски” од Новаци
Во пресрет на 24 Мај, празникот на солунските браќа Кирил и Методиј, ООУ Рампо Левката од Прилеп денеска беше домаќин на колегите од збратименото училиште „Славко Лумбарковски” од Новаци, Битола.

Денешната средба беше исполнета со размена на искуства, позитивни емоции и восхит од настапот на учениците од прво до петто одделение од ООУ Рампо Левката, кои гостите ги поздравија со неколку точки.

Беше сплетена и мрежа на пријателство со учениците од 4 в одделение, која симболично го означи новото пријателство со децата од ова училиште.


















