Овој понеделник во манастирот св. Василиј Острошки” во прилепско Чумово” ќе врие од верници!!
Во понеделник е големиот празник, посветен на големиот чудотворец св. Василиј Острошки. По тој повод, Управата на манастирот “св. Василиј Острошки” во с.Чумово ги известува верниците дека понеделник (12.05.2025), со почеток од 09:30 часот, ќе се одржи Света служба во манастирот на која се поканети сите верници. Веднаш после литургијата следува ручек и музичка забава со пригодна музика.

.Коклу за потсетување, моштите на св. Василиј Острошки останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Светите мошти се наоѓаат во манастирот во Црна Гора.
















