Последно збогум за папата Франциск! Претседателката Силјановска – Давкова присуствуваше на церемонијата на испраќањето на папата

Сподели го ова:






























Денеска се одржа церемонијата на испраќањето на папата Франциск во вечниот дом, а на самата церемонија присуствуваше и претседателакта Силјановска Давкова.

Голема чест ми беше да учествувам во церемонијата на оддавање немерлива почит и во испраќањето на папата Франциск во вечниот дом. Неспорно е дека овој скромен човечки џин го обележа векот, храбро чекорејќи по патиштата на милоста, добрината и човечноста. Си замина со љубов и солзи во базиликата Санта Марија Маџоре, откако го собра и обедини целиот свет, сиот народ, сите верници и верски великодостоинственици, државници, носители на највисоки функции. Неговите дела совршено соодветствуваа на неговите зборови и ставови. Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните. За време на неговата историска посета на Скопје, папата Франциск нè охрабри нас, македонските граѓани да опстоиме на својот посебен историски, национален и културен пат, неразделен од европскиот, изразувајќи ни разбирање, симпатија и поддршка” – истакна претседателката Силјановска Давкова.




Сподели го ова:

Слични објави