И Битола “крена глас” против булинг и врсничко насилство во училиштата
Вчера вечерта, во основното училиште „Св. Климент Охридски” се одржа единаесеттата по ред едукативна средба наменета за родителите од Општина Битола. На оваа работилница заедно со нашите гости и родителите дискутиравме за препознавање на знаците и методи за спречување на врсничкото насилство, влијанието на набљудувачите како и за методите преку кои може да се работи на градење на самодоверба кај дечињата.
Голема благодарсност до Сашко Коцев, психологот Деспина Стојановска, Ивана Балаловска (психолог во ООУ „Св. Климент Охридски”), Дијана Христовска (директор во ООУ „Коле Канински“) и Слаѓања Бојаџиева (одделенски наставник во ООУ ,,Тодор Ангелевски“), како и до родителите кои од личен агол посведочија како сметаат дека може да се помогне во решавањето на овој голем проблем што ги засега децата.
Само заеднички и преку отворена комуникација, можеме да поттикнеме промена кога е во прашање врсничкото насилство.
Работилницата во Општина Битола е дел од општествено одговорната кампања на Мак Петрол.


















