Во Битола заради големиот интерес, оваа сабота уште една ВТОРА претстава со Црвенкапа
Екипата на “Весел театар” доаѓа во Битола! Со доаѓањето на месец март започна и онаа театарска магија на која најмногу се радуваат најмладите, искрени детски срца. По тој повод, специјално само за најмладата публика во Битола на 15.03.2025 (сабота) во 12h и 13h во Центар за култура-Битола во малата сала ПРЕМИЕРНО ќе биде одиграна претставата за деца „Црвенкапа и смешниот волк”, која со сигурност ќе создаде волшебни, детски спомени во секое детско срце, а воедно ќе ги потсети родителите на дечињата на времето кога и тие беа деца, и уживаа во магијата на театарот. Оваа претстава за прв пат ќе биде премиерно одиграна во Битола, а настапот на Битола ќе биде 74 изведба на екипата од Весел театар, во режија на Гоце Илиески. Претставата за во 12 часот е целосно распродадена, а за претставата во 13 часот останати се само уште 30% од билетите. Затоа побрзајте резервирајте си билети 24/7 на тел 078/ 66-77-97, или директно на билетарата во Центар за култура- Битола од 15:30 до 20h.
Во претставата учествуваат Црвенкапа, смешниот волк, бабата од Црвенкапа и “чичкото ловџија”. Ова е претстава, која според публиката е вистински детски, музички-театарски спектакл за најмладите.
Станува збор за претстава која ги полни салите низ цела Македонија, и истата е надополнета и со неколку новокомпонирани детски музички песни кои се специјално создадени за оваа претстава, и истите пред публиката заедно со дечињата ќе ги отпеат нивните омилени театарски ликови од оваа волшебна сказна. На крајот од претставата, дечињата ќе се сликаат со Црвенкапа и смешниот волк, бабата и ловџијата, а воедно СЕКОЕ ДЕТЕНЦЕ ЌЕ СИ ДОБИЕ И ПОДАРОК – ЛИЧНО ОД ЦРВЕНКАПА.
Цена на билет 200 денари. За секое детенце следува подарок од Црвенкапа!

















