Прилепчани се поклонија пред спомен плочата посветена на Миле Нешкоски
Почнувајќи од денес па во наредните 3 дена, Прилеп ќе биде домаќин на деветтото издание на меморијалниот турнир во ракомет „Миле Нешкоски“.

Денес, пред Универзалната сала во Прилеп каде се наоѓа спомен плоча посветена на нашата ракометна легенда Миле Нешкоски, прилепчани оддадоа почит на ликот и делото на Миле, а со самото тоа беше означен и почетокот на турнирот посветен токму на него.

Како градоначалник им се заблагодарив на организаторите за трудот кој е вложен за организација на овој турнир, а на дел од присутните учесници им посакав фер-плеј игра и нормално да победи најдобриот.Исто така, ја користам оваа прилика да кажам дека жалам што овој турнир нема да се одигра во ракометниот храм, а тоа е Универзалната сала, но верувам дека многу скоро таа ќе биде отворена и веќе следниот ќе се одржи во неа. Слава му! – порача Јовчески.


















