Прилепчани кога ќе влегуваат во Битола ќе ги пречека прекрасен урбан влез, кој од денес започна да се гради

Сподели го ова:





























Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и битолскиот градоначалник Тони Коњановски, денес го означија отпочнувањето на проектот за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.со поставување камен темелник.

Овде сме заради еден вреден проект – реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола. Делницата која опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. Влез кој заслужува да биде направен, затоа што беше болна точка, беше влез кој недоликуваше за Битола, рече градоначалникот Тони Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави