ГО ФАТИЛЕ НА ЛИЦЕ МЕСТО КАКО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЖАР! Приведено е лице поради предизвикување на пожар
Сподели го ова:
Како дел од оперативната акција „Пожар 2024“, денеска (21.07.2024) по добиена пријава на телефонскиот број 112 дека НН лица ја палат депонијата која се наоѓа на патот с.Горно Оризари – с.Клуковец, веднаш се преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ПС-ОН Велес, при што е затекнат С.Ц. од с.Горно Оризари како пали две седишта од автомобил, а во непосредна близина е предизвикан пожар при што е опожарена сува трева.
Од страна на полициските службеници С.Ц. е лишен од слобода, а предизвиканиот пожар е изгасен.По насоки на јавен обвинител од ОЈО Велес, лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот, од страна на СВР Велес ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело “предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.Министерството за внатрешни работи продолжува со активностите под оперативната акција „Пожар 2024“ и апелира до граѓаните да бидат исклучително внимателни кога се движат во природа.
Секоја активност во насока на намерно или ненамерно предизвикување на пожари ќе биде санкционирана најстрого во рамките на законските норми. Ако граѓаните забележат било какво сомнително движење или активности, веднаш да пријават во најблиската полициска станица или на телефонот 112.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(24), С.А.(41), С.А.(23) и С.А.(46), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 17.07.2024 на ул. „Гостиварска“ во Прилеп, пријавените физички ги нападнале Џ.Д. и нејзинитe малолетен син и малолетен внук и им нанеле повреди – информира МВР.
Денес е празникот посветен на Марија Магдалена која била мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово. Претходно мачена од седум зли дуохви, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господ за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно…
Од денес, 28 ноември, започнува Божиќниот пост кој што ќе трае околу 40 дена. Божиќниот пост е востановен за да верниците во пресрет на Рождеството Христово можат да се очистиат себеси со покајание, пост и молитва, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи…
Честитајќи им го на своите сограѓани Денот на ослободувањето, градоначалникот Борче Јовчески истакна дека оставиме аманет на следните генерации да го чествуваат, почитуваат овој Голем ден, зашто е во чест на сите кои ги положија животите за слободата на Прилеп. „Тука, на ова свето место, Могилата на непобедените, каде почиваат останките на борците од Втората…
Во Собранието, денеска претпладнево продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се очекува гласањето да заврши најдоцна на полноќ. Имено, на денешната седница пратеникот Пеце Милески упати реплика кон поранешната министерска за култура Костадиновска-Стојчевска. „Само да ја потсетам колешката Костадиновска-Стојчевска после 1198, 1199 доаѓа 1200, не…
Денеска, 20.04.2025 година, околу 13:30h во зграда наспроти ООУ “Блаже Конески” во Прилеп, се запали стан на првиот кат. Веднаш на местото на несреќата, пристигнаa тимoви од ТТПЕ-Прилеп и МВР. Повеќе информации во текот на денот!