“Виножито – детска радост плете”- оддекна силно на “Весели Ѕвончиња” – фестивалот кој е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!

Сподели го ова:





























Прилепчанката Емануела Кадинец која има само 5 години, заедно со нејзините другарчиња кои имаа одлична кореографија настапија на 6-то фестивалско издание на највеселиот и најатрактивниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, каде имаа одличен настап. Задоволна од соработката со Веселите Ѕвончиња, Емануела Кадинец се пријави повторно да учествува на седмото фестивалско издание кое ќе се случи наредната 2025 година.

Имено, оваа кукличка настапи со екстра детска песна, за која музика и текст напиша Уметничкиот директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски од групата Меморија.

Песната од Емануела носи наслов “Виножито”, а Гоце Балада ја направи по нејзина желба.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од наредното – најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец април 2025 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 077- 867-169.

Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! 




Сподели го ова:

Слични објави