ПОЧИТТА НЕ ПОЗНАВА ГРАНИЦИ! Проданоски со искрена честитка до верниците од муслиманската вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам

“На сите верници од исламска вероисповед им го честитам празникот Рамазан Бајрам. Посакувам многу здравје, среќа и љубов во домовите. Нека овој ден биде исполнет со радост, мир, спокој и благосостојба во вашите семејства. Само преку почитување на различностите може да градиме вистински мост на соживот и заеднички напредок.
Честит празник, Рамазан Бајрам!” – стои во честитката на претседателот на Совет при Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

















