ДЕТАЛИ ЗА ТЕШКАТА “СООБРАЌАЈКА”: Младиот прилепчанец веднаш бил пренесен во прилепската болница

Сподели го ова:





























Како што информиравме претходно, едно лице е повредено во сообраќајната несреќа која што синоќа вечерта околу еден часот се случила на магистралниот пат Прилеп-Битола. Официјално, несреќата во полиција е пријавена околу 01:05 часот, а повредено е едно лице.

Во несреќата учествувале товарно возило „ман “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и автомобил „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(20) од Прилеп.

-Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп, информирааат од МВР.




Сподели го ова:

Слични објави