ПОМИНА ВЧЕРАШНАТА СЛАВА: Oстанаа убавите спомени за добрата фамилијарна дружба и семејната трпеза подготвена во чест на св.Никола
Во позитивна празнична атмосвера и вистински православен дух – онака баш всушност како и што доликува, помина вчерашната градска слава во Прилеп. Од она што можеше да го забележи нашиот информативен тим на социјалните мрежи, може да се констатира дека граѓаните под Марковите Кули уживаа во добрата фамилијарна дружба и семејната трпеза подготвена во чест на св.Никола. Во чест на св.Никола, вчера во прилепските семејства каде се празнуваше оваа слава има домаќински приготвени трпези, расположен православен народ сплотен како едно, онака како што бара нашата православна христијанска вера, единствено сплотени кон верата и за верата.
Убаво е чувство кога се има домашна слава…Мирисот на штотуку приготвените сарми и вкусното тавче гравче не потсетуваат на детството и не враќаат на спомените за едно поинакво време, време на детски – искрени спомени, каде заедно со најблиските се радувавме на домашна слава и дружбата со најблиските.


















